петок, 16 мај 2025

Апелацискиот суд Штип потврди седум од осумте одлуки на кочанскиот суд за притворите на осомничените за пожарот во Пулс

Апелацискиот суд во Штип соопшти дека се завршени постапките по жалбите поднесени на решенијата за притвор во врска со случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Од вкупно осум предмети, во седум случаи жалбите се одбиени како неосновани, а решенијата на Основниот суд во Кочани се потврдени.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Само во еден случај, жалбата на обвинетиот Е.М. е уважена, при што првостепеното решение за притвор е преиначено и заменето со мерка куќен притвор, заедно со дополнителни мерки на претпазливост.

Останатите жалби – поднесени од К.Б., Н.И., Р.Ч.Д., М.С., Б.Х., М.Ѓ. и Р.Д. се одбиени, а мерките притвор или куќен притвор остануваат на сила.

Штипската Апелација вчера соопшти дека постапуваат по 17 жалби за изречени мерки притвор, куќен притвор и мерки на претпазливост поднесени од лица опфатени со истрагата за пожарот. Три жалби се пристигнати во петокот, а вчера 14 жалби.

Во истрагата за трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година, а во кој загинаа 62 лица, се осомничени 68 физички и три правни лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ