Жалбата на тужениот СДСМ, е одбиена како неоснована од страна Апелацискиот суд, до што е потврдена пресудата од 2023 година. Пресудата се однесува на тужбата за клевета, од страна на Христијан Мицкоски, дека СДСМ изнел невистинити факти за него, нарекувајќи го „докажан криминалец фатен со рацете во медот“, со што ги повредил неговите углед и чест.
„Со оваа одлука, по потврдената првостепена пресуда, СДСМ и формално е судски утврдена како клеветничка партија. Тоа што со години го претставуваа како ‘политичка борба’, денес е официјално констатирано како недозволено и спротивно на правната држава. Оваа пресуда јасно го разоткрива нивниот политички модел: наместо аргументи, напади; наместо програми, дискредитации; наместо одговорност, лаги пласирани во јавноста со цел да се нанесе штета“, вели Мицкоски во својата објава.
Тој порачува дека политичката критика е легитимна и потребна, но клеветата и лагата не се политика, туку злоупотреба на јавниот простор.

„Македонија мора да се движи напред со политика заснована на вистина, идеи и одговорност, а не со фабрикации и лични напади. Оваа одлука за јасните клевети на СДСМ е жесток шамар и за сите нивни подизведувачи и гласноговорници. Истите кои ширеа гласини и правеа бичборд-кампања против мене. СДСМ одбира да продолжи по тој пат на лаги, клевети и манипулации, надевајќи се дека ќе игра со чувствата на граѓаните, во ситуација кога дезинформациите и чувствата кои тие ги создаваат се побрзи од вистината и разумот.
Тие одлучуваат да продолжат да го потценуваат сопствениот народ.
Тоа не е само одлука, туку е врвно предавство на моралот и вредностите во политиката и посебен вид предавство на сопствениот народ. Тие мислат дека така ќе успеат. Но времето ќе им докаже дека грешат. А народот ќе им докаже дека е посилен од нив и дека ваквите лаги нема никогаш да им пројдат“, вели премиерот Мицкоски, истакнувајќи дека Апелација потврдија дека „СДСМ е клеветничка партија“ .






