Притоа од Јавното претпријатие апелирааат до сите граѓани на градот Скопје на совесно и рационално користење на водата.
„Ја информираме јавноста дека на ден 07.07.2025 година и покрај секојдневните апели и превземање мерки, продолжува енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови, што во просек изнесува над 350.000 м3 на дневно ниво, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем. Како последица на сето ова, се соочуваме со прекини на водоснабдувањето на високите зони во делови од градот. Стабилизирање на водоснабдителниот систем се очекува во период по 23 часо“т, велат од ЈП „Водовод и канлизација – Скопје.
Од претпријатието апелираат до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk






