сабота, 31 мај 2025

Aпел на РСБСП за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници

По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот,  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи и да се вози одговорно.

Објавено на

часот

Сподели

Од РСБСП посочуваат дека во пресрет на претстојниот празник се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на патиштата кон туристичките и излетничките места.

„Не возете под дејство на алкохол! Алкохолот ја намалува способноста за реакција и ја зголемува веројатноста за несреќи со тешки последици.

Возете одморени – бидејќи возењето под замор е опасно исто како возењето под дејство на алкохол.

Почитувајте ги ограничувањата на брзината. Прилагодите ја брзината според условите на патот, времето и фреквенцијата, односно густина на сообраќајот.

Секогаш користете сигурносен појас – ова важи и за патниците на предните и на задните седишта.

Не користете мобилен телефон додека возите – фокусот секогаш треба да е на патот. Планирајте го патувањето однапред – проверете ја состојбата на патиштата, избегнувајте замор и правете паузи при подолги патувања.

Возачите на мотоцикли и мопеди и лицата кои се превезуваат на нив задолжително на глава да носат сигурносна опрема – кацига.

Апел да се почитуваат пешаците и велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот.

Секој изгубен живот на патиштата е ненадоместлива загуба! Затоа, да празнуваме со почит кон животот и здравјето, бидејќи безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас. РСБСП ви посакува среќни и безбедни првомајски празници, се наведува во соопштението“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ