„Согласно добиените информации од Амбасадата на Република Македонија во Тел Авив, во моментов воздушниот простор над Израел и Иран е затворен, како и аеродромите во Тел Авив и Техеран, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај“, нагласува МНРиНТ во соопшението.
Министерството ги потсетува македонските државјани дека при евентуална потреба од помош можаат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Македонија во Тел Авив, тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546, Е-пошта: telaviv@mfa.gov.mk и Министерство за надворешни работи и надворешна трговија тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736, Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk.
Во рамки на министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и ќе ја информира јавноста за сите новини навремено.