„Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање потребно е да се преврива. Во корелација со Центарот за јавно здравје Кавадарци, состојбата се следи и дополнително ќе известиме кога ќе се нормализира состојбата со водата“, велат од „Комуналец”.






