На седницата ќе се расправа за изнесените наводи поврзани со страшната трагедија во дискотеката „Пулс“, а на неа официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите, објави Апасиев на Фејсбук.
Апасиев ќе закаже седница за претставката од семејствата на загинатите во Кочани
Претседателот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев вчера преку објава на Фејсбук најави дека како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието, следната недела ќе закаже посебна комисиска седница на која ќе се разгледува претставката од семејствата на загинатите во Кочани испратена преку „Здружението 16 март“.

Објавено на
часот





