понеделник, 15 декември 2025

Апасиев ќе ја процесира во Собрание претставката од здружението на родителите на починатите деца од Кочани

Пратеникот и лидер на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, на ТВ 24 откри дека во Собранието, односно до него како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пристигнала претставка од здружението на родителите на починатите деца од Кочани „16-ти Март 2025“.

Објавено на

часот

Сподели

Апасиев најави дека како претседател на единствената уставно предвидена комисија и единствена која прима претставки од граѓани, претставката ќе ја достави до членовите, ќе ја стави на дневен ред и ќе закаже седница на која, надежно, конечно ќе се дебатира.

Воедно, Апасиев предупреди дека ќе биде срамно и крајно нечовечки ако повторно се избегне соочувањето со вистината, како што досега пратениците од власта ги саботираат напорите за надзорна расправа. „Арам да им е ако пак го направат тоа“, порача Апасиев, нагласувајќи дека Собранието е местото каде мора да се зборува за Кочани и да се утврди одговорност.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ