„Согласно изјавите на премиерот, министрите, докторите и директорот на ЦУК – некој од нив перманентно изјавуваат дека се дел од некаков си ‘кризен штаб’ – што им дава дополнителни ингеренции во случајот со пожарот во дискошталата во Кочани (пример: посета на болни без следење на медицински протокол).
Но, согласно чл. 31 од посебниот Закон за управување со кризи (Сл. весник на РМ бр. 29/2005), како ‘лекс специјалис’, за да постои кризна состојба и согласно тоа ’кризен штаб’ – потребна е владина одлука, која потоа се доставува до Собранието кое врши парламентарен надзор ‘ин конкрето“ (in concreto)!
Оттука, бидејќи за ваква одлука нема и нема никакво известување до нас пратениците, како контролори на извршната власт, јавно прашувам дали тоа и ’кризнава состојба’ ви е прогласена илегално и противзаконски, меѓу владината коалиција – што би се рекло на диво, без запазена регулатива и процедура – како, впрочем, и целата истрага што ја буткате на мускули (со владино прикривање на одговорните и поштедување на вашите штабомани и клиенти)?“, прашува Апасиев преку статус на социјалната мрежа Фејсбук.