„Нашиот правен тим поднесе Предлог за изрекување привремена мерка до Основниот граѓански суд – Скопје против АВМУ и ДИК! На потег се домашните судски инстанци да ја спречат политичката дискриминација која и се врши на Левица. Доколку македонските надлежни органи останат слепи и глуви на овој досега невиден скандал во плуралистичка Македонија, продолжуваме и до Европскиот суд за човекови права – Стразбур”, пишува во објавата на Апасиев.
Апасиев: Битка до Стразбур доколку македонските судови не реагираат на политичката дискриминација
Правниот тим на Левица поднесе предлог за изрекување на привремена мерка против АВМУ и ДИК. Претседателот на партијата, Димитар Апасиев најавува битка и до Стразбур, доколку македонските судски инстанци не реагираат, пишува во денешното соопштение на Левица.

Објавено на
часот





