Точката за избор на заменик-претседател беше прва на денешната 15-та седница. Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, во образложениото на предлогот, посочи дека по истекот на мандатот на Демири, треба да се назначи нов заменик претседател и тоа по принцип на ротација по азбучен ред.
Антикорупциска комисија избра нов заменик претседател
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ја избра Билјана Каракашева Шулев за заменик-претседател. Таа на оваа функција ќе биде во следните шест месеци и доаѓа на местото на нејзиниот претходник Сервет Демири.

Објавено на
часот





