понеделник, 8 декември 2025

Ангелова: Фатмир Дехари од Кичево е срам за сите жени во Македонија

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, на денешната прес-конференција побара неотповиклива оставка од кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, откако во јавноста се појавија аудио снимки во кои, според ВМРО-ДПМНЕ, се слуша аудио со сексуална содржина на вработените жени во Општина Кичево.

Објавено на

часот

Сподели

„Овие снимки се скандалозни, а односот на Дехари на нив е понижувачки за секоја жена. Тоа не е само навреда кон жените во Кичево, туку и кон сите жени во Македонија – без разлика на етничката припадност“, изјави Ангелова, додавајќи дека ваквото однесување претставува срам за општеството и мора да биде јавно осудено.

Според ВМРО-ДПМНЕ, на снимките се слуша како вработените жени биле принудувани да го бакнуваат градоначалникот и да му седнуваат во скут.

„Ова е изживување врз цел колектив и врз сите жени. Зарем до тој степен е падната ДУИ, да за вакви луѓе води кампања за повторен мандат?“, праша Ангелова, додавајќи дека Кичево и кичевчани не заслужуваат ваков третман кон жените на работните места.

Од партијата побараа реакција и од женскиот форум на ДУИ, од Комисијата за заштита од дискриминација, како и од лидерот на партијата Али Ахмети.

„Ова не смее да помине без широка општествена осуда. Жените не се ничија сопственост, тие се нечии мајки, ќерки и жени, и не заслужуваат вакво понижување“, порача Ангелова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ