среда, 8 април 2026

Ангелов во потрага по пилоти на „ер трактори“ пред сезоната на пожари

Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше на спортскиот аеродром кај Штип, каде што се сретна со Раде Ивановски, сопственик на компанијата „Римин Еар“, пензиониран пилот на комерцијални летови и инструктор, при што разговараше за можноста за организирање основна обука за летање на „ер трактори“, информираа од ДЗС.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од ДЗС, Ангелов истовремено се сретнал со тројца можни кандидати за пилоти на „ер трактори“, коишто имаат над 300 авио-часови во спортско летање. Притоа, тој имал извидувачки лет со еден од кандидатите за пилот на „ер трактор“, над штипскиот регион.

„Во овој моментов ДЗС има пет пилоти на ‘ер трактор’, еден авион е сервисиран и е на аеродром и е функционален, Два се на сервис, коишто се очекува да пристигнат сервисирани и подготвени за употреба во текот на месец април, а најдоцна во мај, со што поподготвено ќе се пречека летната сезоната на пожари на отворено“, уверуваат од ДЗС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ