недела, 14 декември 2025

Ангелов: Седум активни пожари, изгаснати пожари се реактивираат или некој ги реактивира (ВИДЕО)

Денеска на теритопријата на Македонија имаше 15 пожари, од кои седум се активни, а другите се изгаснати. Пожарот во ловиштето Јасен и натаму претставува најсериозниот проблем за противпожарните екипи. Тука со денови делуваме и од земја и од воздух, изјави претпладнево Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Објавено на

часот

Сподели

Тој информира дека во Јасен на терен се специјалци и од армијата и од полицијата, пожарникари од Македонски Брод и екипи на ЈП Јасен и Национални шуми.

Активен е и пожарот кај село Церово, Општина Маврово и Ростуше, каде делува еден ер-трактор.

„Очекувам овој пожар набрзо да биде ставен под контрола. Пожарот кај Беловодици, Прилеп, беше изгаснат, но денеска е повторно реактивиран или некој го реактивира. И пожарот кај Студеничани на планината Китка беше изгаснат, но повторно е реактивиран или некој го реактивира“, изјави Ангелов.

Кај Долнени гори трева и ниска вегетација, во Струшко гори кај селото Подгорци, а во Боговиње има пожар кај Ловјане.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ