Сомнежите дека пожарот е подметнат, Ангелов ги потврдува со фактот дека тој самиот пристигнал на лице место петнаесетина минути по избувнувањето на пожарот исведочел на широка линија на пожарот кој би се појавил како резултат на фрлен отпушок од цигара.
„Пожарот е под контрола, но додека пожарникарите утрово работеа на негово целосно доизгаснување наидоа на дрвени пелети претходно, најверојатно прелиени или намачкани со бензин и фрлени во смреки. Некој намерно утрово се обидуваше да реактивира пожарот кој сѐ уште е под контрола. Апелирам до граѓаните доколку забележат сомнително однесување да го пријават на бројот 112. Воедно не е точна веста дека вчера манастир или црква биле во непосредна опасност од пожарот. Исто така не е точно дека изгореле три куќи во селото Чучер“, изјави Ангелов.