„Според информациите кои ги имам, за жал, од пожарот делумно е зафатен покривот на црквата кај селото Мршевци, а други штети сè уште не се пријавени“, изјави Ангелов.
Тој посочи дека од густиот чад на автопатот Скопје-Куманово имаше намалена видливост, поради што дојде и до сообраќајна несреќа, па автопатот сè уште е затворен во двата правци.
„Поради силниот ветер не може да полетаат ‘ер-тракторите’ на ДЗС и хеликоптерите на полицијата и армијата и да се вклучат во гасење. На терен се скопската пожарна, но и локално население. Со тешка маханизација се прават препреки пожарот да не се прошири“, рече Ангелов и додаде дека во моментот кога ветрот ќе намали ќе полетаат „ер-тракторите“ на ДЗС и Армијата.
Во меѓувреме на автопатот кај Бунарџик дејствива водениот топ на МВР.
Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), во земјава има 11 активни пожари.
https://www.viber.com/invite/9c6f377986368d3f0d4110084abaf4579acc1f8dcc8d584053560994a25edea7






