сабота, 12 јули 2025

Ангелов: Ниту еден ред, ниту еден збор за битката за Арачиново во 2001 година

Актуелниот директор на Дирекцијата за спасување на заштита, Стојанче Ангелов, со објава на својот Фејсбук-профил, со жалење потсетува на настаните од овој јунски период во 2001 година и битката кај (за) Арачиново. И самиот учесник во оваа своевидна кулминација на оружениот конфликт во 2001 година, како припадник на македонските безбедносни сили, Ангелов со разочараност укажува дека никој од македонските медиуми, во текот на вчерашниот ден не го спомена овој пресвртен настан за Македонија, а во кој загинаа четворица бранители.

Објавено на

часот

Сподели

„Никој не ја спомна. Во текот на вчерашниот ден, но и денес до 11.00 часот, во порталите не беше напишан ниту еден ред, на телевизиите не беше кажан ниту еден збор. Ниту еден ред, ниту еден збор за една од најжестоките и најконтроверзни битки во 2001-та. Битката за Арачиново! Битка во која загинаа четири македонски синови, битка во која беа ранети десетици македонски бранители. Битка која започна на вчерашен ден, 22 јуни 2001, а заврши неколку дена дена подоцна, откако припадниците на УЧК беа извлечени од Арачиново во климатизирани автобуси.

Вториот ден од нападот, 23 јуни 2001-та, во борбата за Арачиново бев тешко ранет. Куршумот минувајки низ моите гради го искинал долниот лобус на мојот десен бел дроб, искршил две ребра и го напуштил моето тело оставајки злокобна дупка на мојот грб. Со смртоносни рани, без третина од десниот бел дроб, со ребра заврзани со жица, осакатен, но сепак жив.

За жал не преживеаја сите. Истиот ден, 23 јуни 2001-та, загинаа:

Никола Пехчевски (25),

Атанас Јанев (25) и

Александар Стојчев (30) а

Оливер Китановски (21) беше тешко ранет, почина неколку дена подоцна.

Вечна ви слава, херои македонски“, напиша Стојанче Ангелов на Фејсбук.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ