петок, 6 февруари 2026

Ангелов на средба со претставниците на Асоцијацијата на воени аташеа

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска заедно со тим од Дирекцијата, одржа работна средба со претставниците на Асоцијацијата на воените аташеа акредитирани во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од ДЗС, на работната средба, предвидена во програмата на Асоцијацијата, биле запознати со системот за заштита и спасување, а и со системот за управување со кризи.

„Воените аташеа имаа можност да поставуваат прашања и преку интерактивна дискусија и размена на искуства во сферата на заштитата и спасувањето при итни ситуации се надоградија сознанијата за оваа област којашто не е во таков обем во нивната воена профилација, иако армиите се значаен чинител во заштитата и спасувањето на граѓаните“, се вели во соопштението од ДЗС.

Оттаму додаваат дека Ангелов, на сите присутни им врачил пригодни плакети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ