Можноста за сервис на ер тракторите во Хрватска била тема на дискусија на вчерашната средба помеѓу директорот на ДЗС Стојанче Ангелов и Ивица Видовиќ, директор на Воздухопловно техничкиот центар на Хрватска, а во рамките на дводневната работна посета на Ангелов на Хрватска.
Во текот на вчерашниот ден Ангелов одржал работна средба и со Славко Туцаковиќ, главен заповедник на хрватските противпожарни сили и со Анте Санадер, претседател на хрватската Противпожарна заедница и пратеник во хрватското Собрание.
„На средбата Ангелов беше запознат со структурата и начинот на функционирање на хрватската противпожарна служба после реформите направени пред неколку години“, информираат од ДЗС.

Денеска, Ангелов ќе ја посети Дирекцијата за цивилна заштита на Хрватска каде ќе се сретне со директорот Невен Карас и раководниот тим.
Во текот на денешниот ден Ангелов ќе се сретне и со главниот командант на Јавната противпожарна станица на Загреб Синиша Јембрих и неговиот тим.






