понеделник, 6 април 2026

Ангелов: Денеска повторно во гаснењето на пожарите ќе учествуваат сите домашни и странски летала

На утринскиот состанок на Главниот штаб за управување со кризи и на координацијата со домашните и странските пилоти е направен распоредот каде ќе делуваат хелокоптерите, ер-тракторите и романскиот авион.

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот хеликоптер веќе полета кон пожарот во Радовиш, кај селото Штурово, кој е веќе ставен под контрола.

Во Чашка, на пожарот кај  Горно и Долно Јабилчиште гаснат црногорскиот и хеликоптерот на македонското МВР.

Во Росоман, кај селото Цурково делуваат полицискиот хеликоптер и трите македонски ер-трактори. Тука е распореден и хрватскиот канадер.

Кај Лисец ќе делува романскиот спартан со 5 тонски водни бомби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ