Една линија на пожарот која се протегаше исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума, вели Стојанов.

Потенцира дека борбата со огнот на моменти е ризична поради што сѐ уште не може да се воспостави контрола над овој шумски пожар кој се одвива на екстремно тежок терен.
Воедно, информира дека пожарот над село Свиларе е целосно изгаснат, додека пожарот на територијата на село Радуша сѐ уште е активен и се движи кон општина Јегуновце.






