понеделник, 23 февруари 2026

Ангелов бара да се обезбедат стабилни услови за функцонирање на доброволните противпожарни друштва

Најавените измени на Законот за здруженијата и фондациите, кои директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во земјата, денеска беа тема на разговор на работниот состанок меѓу директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, и претставници од Министерството за правда.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти ДЗС, на средбата се разгледувале можните правни последици од предложените измени, со посебен фокус на статусот и функционирањето на доброволните противпожарни друштва (ДПД), нивната улога во системот за заштита и спасување, како и потребата законската рамка да се усогласи со реалните потреби на терен и европските стандарди во оваа област.

„Ангелов, заедно со тим од ДЗС и претставници од доброволните друштва, ја нагласи важноста на јасно институционално препознавање и унапредување на доброволниот сектор. Тој посочи дека доброволците се клучен партнер на институциите при справување со пожари, кризи и природни непогоди“, се наведува во соопштението.

Од ДЗС посочуваат дека ефикасниот систем за заштита и спасување се темели на соработка помеѓу државните институции и доброволните служби поради што измените на законот мора да обезбедат стабилни услови за нивно функционирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ