понеделник, 15 декември 2025

Ангелов – Аисен: Продлабочување на соработката со Израел во превенција и справување со пожари и кризен менаџмент

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов денеска оствари средба со Вивиен Аисен, амбасадорка на Израел во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од ДСЗ, на средбата се разговарало за досегашните билатерални активности во доменот на заштитата и спасувањето и кризниот менаџмент, како и за можноста за нејзино унапредување, посебно во делот на превенција и справување со пожарите. Исто така, се разговарало и за можноста за развивање проекти, со цел зајакнување на нашите капацитети за справување со итни ситуации.

„Амбасадорката на Израел, Аисен и директорот на ДЗС, Ангелов, изразија задоволство од оваа прва средба и подготвеност за натамошна успешна соработка“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ