вторник, 20 јануари 2026

Анел Фидоски избран за шеф на Основното јавно обвинителство Скопје

На денешната седница на Советот на јавните обвинители, Анел Фидоски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Покрај Фидоски, за функцијата конкурираа и досегашниот јавен обвинител, Гаврил Бубевски, како и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.

По гласањето, Фидоски доби најголема поддршка од членовите на советот и со седум гласа „за“ беше избран за нов шеф на ОЈО Скопје. Бубевски доби пет гласа „за“, Трајчевска и Андонова по еден глас „за“, а Петрески не доби ниту еден глас „за“.

Воедно, со 10 гласа „за“, Бесир Алиу беше избран за обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ