четврток, 5 јуни 2025

Aндоновски: Стапува на сила закон што ќе менува сѐ

Законот за електронски комуникации како клучна регулатива која целосно ги усогласува нашите политики со два важни европски документи – код директивата и гигабит регулативата, изјави за ТВ Сител министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Објавено на

часот

Сподели

Андоновски е еден од клучните говорници на 11-тата конференција за е-управување, која се одржува во Талин, Естонија – глобален центар за дигитална револуција.

„Изминатиов период мислам дека ни се случуваат многу сериозни историски моменти во поглед на дигитализацијата. Законот за електронски комуникации ќе ја отвори вратата за нови инвестиции во технолошкиот сектор. Покрај тоа, го почитувавме и мислењето на Уставниот суд, со што се зацврстува правната рамка“, рече Андоновски.

Тој се осврна и на Законот за безбедност на мрежи и информациски системи, кој за првпат го воведува поимот сајбер безбедност во македонското законодавство.

„Ова е првпат државата да има закон за сајбер безбедност, иако требаше одамна да го имаме. Се усогласуваме со НИС 2 директивата, и тоа нè става на линија со најновите стандарди на Европската Унија“, истакна тој.

Според новите одредби, до 2027 година сите институции ќе треба да се усогласат со прописите за дигитална и сајбер безбедност, а во Министерството веќе е формиран Сектор за сајбер безбедност кој ќе биде точка за пријавување на инциденти на владино ниво.

Особено внимание привлече мерката за стимулирање на кадарот.

„Во законот за првпат се препознаваат сајбер професионалци. За нив е предвиден додаток на плата од 40%. Целта е да ги задржиме во јавната администрација – не можеме да зборуваме за дигитализација без сајбер безбедност“, изјави Андоновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ