недела, 13 јули 2025

Андоновски: Со реформските закони за дигитална трансформација ќе имаме пристап до 19 милиони евра

Собраниската комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и посторно планирање денеска одржа Јавна расправа за реформскиот пакет закони кој ги опфаќа: предлог законот за електронските комуникации, предлог законот за безбедност на мрежни и информациски системи, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за архивски материјал и архивска дејност и на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Јавната расправа е отворена по нивното усвојување во прво читање во матичната собраниска комисија.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски кажа дека во согласност со Инструментот за реформи и раст на Западен Балкан, со донесувањето на реформскиот пакет закони за дигитална трансформација Македонија добива пристап до повеќе од 19 милиони евра, од кои 5,7 милиони евра се наменети како директна буџетска подршка. Овие 19 милиони евра, рече тој, се неколкукратно поголеми од вкупниот буџет со кој располага Министерството за дигитална трансформација (МДТ).

„Со овие закони нашата европска иднина не е апстрактна визија, туку конкретен процес кој бара јасна политичка визија, оперативност, одговорост и храбри одлуки. Тука сме денес да го потврдиме токму тоа, со конкретни резултати и јасна визија. Точно е, имаме предизвици, како и секоја земја во процес на трансформација, но имаме и волја, знаење и институционален капацитет. Со работните групи што рабетеа на четирите закони покажавме дека тој капаците го имаме и во рамки на државата“, рече Андоновски.

Претставувајќи го напредокот во реформската агенда 2024-2027 Андоновски рече дека тој не е декларативен туку конкретен, мерлив и усогласен со европските приоритети.

Порача законите да не се гледаат како формалност, туку како темел, рамка, акциски план, како треба да градиме дигитализирана, конкурентна смарт Македонија затоа што, потенциораше, ова не е усогласување само со европските регулативи туку поставување систем, ред, стандарди, модернизација  во еден често занемарен но суштински сегмент на јавната администрација,  но и на севкупното живеење во општеството.

„Со овие закони, обезбедуваме директи бенефити за граѓаните, го зајакнуваме интегритетот на дигиталните услуги, безбедноста,  придонесуваме за побрз економски раст преку иновации. Наша заедничка обврска е да ги донесеме навремено, квалитетно и со консензус  затоа што тоа е во интерес  на сите граѓани, институции и компаниии независно од нашата кава било припадност“, рече Андоновски.

Тој посочи дека со законот за безбедност на мрежни и информациски системи првпат во државава се воспоставува законска рамка за регулирање на сајбер безбедноста и претставува важна стратешка определба која носи јасна порака за одговорност, зрелост и визија во областа на дигиталната безбедност.

„Формираме два тима за брз одговор на компјутерски инциденти, два ЦИРТА, едниот јавен, е едниот за Владата. Поттикнуваме соработка, а не изолација затоа што покажуваме мрежна поврзаност преку националниот координатор за сајбер безбедност. Законот не го гледајте како регулатива, туку како рамка за континуирана едукација, акциски  план за активности и во приватниот сектор и во јавната администрација којшто треба да не води во наредните три-четири годни каде треба да се движиме како држава во поглед на сајбер безбедноста“, рече Андоновски.

Според него, со законот за електронските комуникации се прави значаен исчекор кон дигиталната иднина, усогласувајќи ја домашната регулатива со најновите европски  стандарди- Европскиот законик за електронски комуникации и Директивата 2018/1972 и најновата регулатива за гигабитна инфраструктура.

„Овој закон носи подобрување на квалитетот на услугите, ги заштитува потрошувачоте, ги унапредува универзалните услуги, ги рационализаира и поедноставува инфраструктурните изградби и поставува јасна регулаторна улога на Агенцијата за електронски комуникации“, посочи Андоновски.

Како што појасни, со изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги се продолжува дигиталната трансформација  што ја нуди ЗЕК во насока на воведување на дигитален паричник.

„Овој  паричник значи електронски идентитет за граѓаните на сигурна, унифицирана и прекугранична призната алатка која ќе им овозможи на граѓаните и бизнисите безбеден пристап до јавни и приватни електронски услуги. Поставуваме темел/рамка за работа која ја поставуваат најнапредните држави од ЕУ и ќе ни овозможи да  напредуваме многу побргу од државите во регонот, но и од поразвиените држави затоа што имаме предност во поглед на дигиталната трансформација, мали сме како држава, а имаме прилично  писмено население во  смисла на дигитализација кое веднаш ги прифаќа електронските услуги и дигтиталните можности што ни се нудат“, оцени министерот за дигитална трансформација.

Со Предлог законот за измени и дополнувања на архивски материјал и архивска дејност, пак, се поставуваат цврсти темели за модерна и дигитално  ориентирана архива која ќе овозможи ефикасност, транспаретно и законски  усогласено управување со службената документација и архивскиот материјал во државата. Го регулира,  појасни министерот, целиот процес на создавање, обработка, заштита, чување на архивскиот материјал затоа што за нас  е многу важно да не формираме  различни документ менаџмент системи за секоја институција кои не комуницираат меѓу себе а многу често и во рамки на институција па едни исти бази на податоци кои постојат за едни предмети не можат да се искористат во истата институција за некои други предмети.

„На овој начин со измените на овој закон поставуваме јасна обврска на секоја од јавните  институции да има еден единствен систем за процеси, кој ќе значи нивна интерабилност. Иако претходното Министерство за информатичко општество и администрација претходно имало  ваков систем, отсуството на законска обврска кај институциите придонело тие да немаат волја да се приклучат тој систем“, посочи Андоновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ