вторник, 7 април 2026
Стратешки дијалог Македонија-САД

Андоновски: Разгледуваме можности за зајакнување на заштитата на клучните државни системи

Министерот за дигитална трансформација, кој е дел од владината делегација на Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави (САД) во Вашингтон, изјави дека во рамки на партнерството се разгледуваат можности за поддршка во развој на напредни сајбер-капацитети и зајакнување на заштитата на клучните државни системи, преку обука, опрема и размена на експертиза.

Објавено на

часот

Сподели

„Стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави претставува важен столб во унапредувањето на националната дигитална и сајбер-отпорност и силна поддршка за реформските процеси во оваа област“, рекол Андоновски.

Според Андоновски, ова претставува значаен чекор во унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста.

Андоновски, како што информираат од неговиот Кабинет, во рамки на дијалогот, ја предводел сесијата која се однесува на дополнително зајакнување на партнерството во делот на сајбер-безбедноста, преку поддршка за развој на институционалните капацитети, проценка и унапредување на заштитата на критичната дигитална инфраструктура, како и понатамошна соработка со доверливи меѓународни партнери.

Според информациите од Стратешкиот дијалог, се предвидува продлабочена експертска и техничка соработка со релевантни американски институции, со цел унапредување на националните способности за превенција, детекција и одговор на сајбер-закани, како и поддршка во процесите на стратешко планирање и модернизација на безбедносните системи.

Андоновски посочил дека во рамки на партнерството се разгледуваат можности за поддршка во развој на напредни сајбер-капацитети и зајакнување на заштитата на клучните државни системи, преку обука, опрема и размена на експертиза.

„Оваа соработка е во целосна согласност со стратешките приоритети на Владата и Министерството за дигитална трансформација, вклучително и имплементацијата на Националната стратегија за сајбер-безбедност 2025–2028, како и усогласувањето со европските стандарди и директиви“ изјавил Андоновски по сесијата.

Министерството за дигитална трансформација, се вели во соопштението, останува посветено на изградба на сигурна, отпорна и доверлива дигитална инфраструктура, како предуслов за ефикасни јавни услуги, заштита на институциите и зајакнување на довербата на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ