Ова на трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп „Економски раст и дигитална трансформација“ го истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски кој соопшти дека кога пред една година влегол во Министерството, порталот месечно го користеле само 900 граѓани, а минатиот месец имало 6.100 корисници.
„Значи, почнуваат да го препознаваат за добивање изводи, државјанства, потврди за неосудуваност, документи од катастар… Нашата амбиција е за граѓаните да бидат достапни најпотребните услуги“, истакна Андоновски.
За да им се доближат е-услугите, се отвораат и центри за услуги, има три такви – во Јегуновце, Штип и Аеродром, најави уште десет до крајот на годинава. Следни ќе бидат во Кавадарци, Неготино и Свети Николе, а до крајот на летото се планира и во Прилеп, со цел граѓаните да добијат олеснет начин на услуги. Андоновски нагласи дека со дигитализацијата на услугите се сузбива корупцијата и му се помага на бизнисот.
Министерот соопшти дека се зголемува и бројот на институции кои се вклучуваат во Платформата за интерoперабилност. Се осврна и на законите и стратегијата за сајбер-безбедност, како и за преземените мерки за справување со нелегалното онлајн коцкање.