среда, 28 јануари 2026

Андоновски: Oпозицијaта не смее да врши притисок врз новинарите

Владата направила значаен чекор со тоа што онлајн медиумите и интернет порталите се препознаени во Законот за медиуми, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски за ТВ Алфа.

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека направивме многу добар чекор што ги внесовме во законот за медиуми онлајн медиумите, интернет порталите на барање на здруженијата на портали. Со една брза измена на законот за медиуми успеавме да ги препознаеме како медиуми и голем дел од нив, можам да кажам најлегитимните, веќе се регистрирани во регистарот на АВМУ“, посочи Андоновски.

Според него, тоа е од големо значење, бидејќи порталите и новинарите сега полесно ќе можат да ја бараат својата заштита, имајќи предвид колкав легитимитет и читаност имаат во општеството.

Министерот најави дека за првпат ќе се донесе Стратегија за развој на медиумите во Македонија.

Во контекст на актуелните состојби, Андоновски предупреди дека е недозволиво политичка партија да спроведува кампања против медиум.

„Недозволиво е да се спроведува кампања против медиум од страна на политичка партија, ова е многу штетно и една од работите кои што ќе се случат поради ова е да добиеме полоша оценка за медиумите во извештајот на Европската Унија и извештајот на Репортери без граници, но не заради владата туку затоа што политичарите вршат притисок врз медиуми, нагласи министерот, изразувајќи загриженост дека ваквиот пристап може да има негативни последици.

Тој упати апел медиумите да останат единствени и професионални.

„Медиумите да останат сплотени, професионални и да продолжат да го прават тоа што го прават до сега и понатаму. Ме радува што се покажа единственост од сите синдикати и здруженија – така треба да се постапува секогаш кога било кој ќе се осуди да се закани и да критикува определен медиум само затоа што не се согласува со неговите ставови“, истакна Андоновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ