понеделник, 2 март 2026

Андоновски на светски конгрес за мобилни оператори во Барселона: Добиваме голема поддршка од меѓународните партнери за „Роаминг како дома“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска е во работна посета на Барселона, Шпанија каде учествува на MWC26 (Mobile World Congress) – најголемиот светски настан што ги обединува креаторите на политики за дигитализација, претставници на телеком операторите и најголемите производители на мобилни уреди и дигитални решенија во светот.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на посетата, министерот, како што информира неговиот кабинет, се задржа на лобирање за принципот „роаминг како дома“, со цел натамошно унапредување на условите за граѓаните и бизнисите преку намалување на трошоците за роаминг и приближување кон европските стандарди.

Андоновски беше дел од GSMA Ministerial Programme, каде се дискутираше за клучни политики и приоритети поврзани со поврзливоста, дигиталната инфраструктура, безбедноста и идните мрежни технологии.

„Ова е најголемиот светски настан што ги обединува креаторите на политики за дигитализација, претставниците на телеком-операторите и најголемите производители на мобилни уреди во светот. Заедно со претставници на влади и претставници на приватниот сектор, разговараме за прашањата кои најмногу ги засегаат нашите граѓани и корисниците, а тоа за нас секако е проектот ‘Роаминг како дома’ – што значи цени како дома за користење на мобилни услуги, СМС- пораки и интернет било каде во Европската Унија. Можам да кажам дека од владите и од нашите меѓународни партнери добиваме голема поддршка за овој проект, но и разбирање од големите телеком-оператори“, истакна Андоновски.

Тој се сретнал со претставнииици на мобилни оператори кои се присутни во Македонија, но и со бројни светски производители на опрема, даватели на облак (cloud)- услуги.

„Разговаравме за најважните прашања кои во моментов го засегаат секторот на дигитализација: изградба на дата-центри, вештачка интелигенција, сајбер безбедност и целосна дигитална трансформација на општеството“, истакна Андоновски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ