Андоновски ја гледа Македонија целосно дигитализирани во 2030 -2035 година. Тоа, напомена, е стратегијата на Владата.
„Нашата стратегија е сè што е процес во позадина во јавната администрација да биде дигитализиран за да понуди добри услови за водење бизнис, за раст на економијата и за благосостојбата на граѓаните“, потенцира Андоновски.
Според него, последните податоци покажуваат дека растот на ИКТ-индустријата од над 4,4 отсто е еден од клучните во зголемувањето на БДП.
„На тој начин треба да размислуваме. Ова е нашиот потенцијал, нашата компаративна предност во однос на другите држави. Немаме големи минерали ресурси, не сме голема територија, немаме многу население, но компаративно сме подобри во ИТ-индустријата и тоа треба максимално да го искористиме“, нагласи министерот.
Фокус на конференцијата е трендот на потрошувачите, а присуствуваат претставници од бизнисот, стопанските комори, јавните институции, науката и аналитичари.