сабота, 24 мај 2025

Андоновски: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје ќе се знае на лето

Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, изјави денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Објавено на

часот

Сподели

Тој потсети дека во моментот траат внатрепартиските анкети, каде се оценуваат повеќе потенцијални имиња, а според него, тој што ќе биде најдобар ќе биде иден прв човек на Скопје.

„Името за Град Скопје очекувам да дојде во текот на летото, иако постојат и јавно се познати дел од имињата кои што доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ. Има и други заинтересирани, така што се анкетираат во моментов и очекувам дека во средината на летото ќе имаме резултати. Секако дека имам и мои лични фаворити и фаворити на партијата, но ќе оставам органите и телата на партијата тоа да го соопштат. Очекувам дека анкетите ќе покажат дека некој кој што е партиски член или активист ќе биде најдобар на анкетите и наш прв избор“, изјави Андоновски на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) каде што денеска започна хакатонот „Кликни безбедно“.

Министерот истакна дека во партијата се задоволни од мерењата на јавно мислење и очекуваат уште поголема победа во однос на минатите избори.

„Процесот е во тек, започна уште во почетокот на годината за сондирање на состојбите коишто се во општеството, колку граѓаните се задоволни од сегашните градоначалници, колку сметаат дека можеби некој треба да има промена и кое име сметаат дека најдобро би ја вршело задачата. Првиот бран на одлуки ќе биде во втората половина на мај, за определени општини каде што веќе тоа е кристално јасно, голем дел од постојните градоначалници ќе трчаат и втор пат“, изјави Андоновски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ