понеделник, 22 декември 2025
Локални избори 2025

Андоновски: Имаме план за почист и побезбеден Гостивар

Гостивар заслужува чисти улици, уредни јавни простори, сигурна вода и безбедни улици за сите. Градот има предизвици  со сметот, канализацијата и кучиња на улиците. Но, секој предизвик има и решение, а ние имаме план и програма како да го решиме. Еден од тие проблеми е водата за пиење, со којшто мора да биде сигурна и чиста, а секоја населба да има соодветна канализациона инфраструктурна мрежа. Наша заложба како советници ќе биде одржување на чистотата и хигиената во градот. Затоа што нашите граѓани тоа и го заслужуваат, изјави денеска носителот на листа за Советот на Општина Гостивар, Андоновски.

Објавено на

часот

Сподели

„Како иден советник во општината, лично ќе се залагам за воспоставување на системско решение за хуман третман, намалување на бројот на кучиња на улиците“, вети Андоновски.

Тој рече дека ќе се залага да ги реализира планот и програмата како да се решат проблемите на гостиварци.

„Затоа и ја бараме вашата поддршка. Продолжуваме да се бориме за почист град, за безбедни улици, за сигурна вода, модерна инфраструктура и повеќе простор за сите. Гостивар заслужува. Затоа ве повикувам да го направиме вистинскиот избор, за твоето место, за твојата иднина!“, рече Андоновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ