Како што соопштуваат од Министерството за дигитална трансформација, на средбата министерот ја истакнал поддршката од ЕУ во процесот на дигитална трансформација, особено преку грантот од 1,2 милиони евра за развој на првата „супер владина апликација“.
Оттаму дополнуваат дека Министерството активно работи на иновации, претприемништво и поддршка на малите и средни претпријатија, користејќи ги програмите што ги нуди Европската Унија.
Андоновски и Рокас разговараа за дигиталниот самит за Западен Балкан во Скопје
Дигиталниот самит на земјите од Западен Балкан, кој ќе се одржи во октомври во Скопје беше во фокусот на средбата помеѓу министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас.

Објавено на
часот





