понеделник, 9 јуни 2025

Андоновска: Двајцата потврдени пациенти со мајмунски сипаници не патувале надвор од државата

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска денеска информира дека се работи за два машки пациенти родени на 1981 и 1985 година, и двајцата од Скопје. Според информациите шти ги дале, двајцата пациенти не патувале никаде надвор од државата.Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски информира дека по лабораториски анализи потврдени се два случаи на мајмунски сипаници.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Андоновски соопшти дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести.

Апелира граѓаните да не паничат оти како што рече, системот функционира и се преземаат сите активности.

И директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска информира дека се работи за два машки пациенти родени на 1981 и 1985 година, и двајцата од Скопје. Според информациите шти ги дале двајцата пациенти не патувале никаде надвор од државата.

Таа нагласи дека едниот пациент е хоспитализиран на Инфрктивната клиника во Скопје, а според нејзините информации другиот се уште не се пријавил на ниту една од клиниките и не е хоспитализиран. Потенцира дека не се поврзани случаи.

И директорката упати апел граѓаните да не паничат и потенцира дека не се работи за ново заболување и за тоа веќе има протоколи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ