понеделник, 8 декември 2025

АНБ со известување до ЈО дека поранешниот директор Виктор Димовски незаконски следел новинари

Според известувањето кое Агенцијата за национална безбедност (АНБ) го испратило до Јавното обвинителство, поранешен директор и група вработени во АНБ незаконски следеле новинари и нивните контакти со опозицијата.

Објавено на

часот

Сподели

АНБ достави три известувања до Јавното обвинителство против поранешен директор и група вработени за незаконско следење на опозициски лидер и на повеќе медиуми во периодот од 2019 до 2024 година.

Истиот период незаконски биле следени и јавен обвинител, поранешен министер од тогашната влада, како и неколку новинари, велат извори во АНБ.

Внатрешната истрага на АНБ, спроведена по смената на власта и по доаѓањето на новиот директор Бојан Христовски, открила дека биле оформени предмети за оперативни обработки насочени кон медиуми и новинари. Нивната работа, според заклучоците на тогаш вработените во АНБ, била оценета како закана со цел уривање на власта.

Внатрешната истага исто така покажала дека се вршеле и намерни одолговлекувања на безбедносните проверки за поединци кои чекале безбедносни сертификати.

Со АНБ во спорниот период раководеле Виктор Димовски и Заре Милошевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ