Целта на меморандумот, како што информираат од Обвинителство, е дополнително развивање и унапредување на соработката меѓу Јавното обвинителство и Агенцијата што треба да овозможи ефективна и ефикасна превенција и кривичен прогон.
„Покрај зајакнување на законски воспоставените механизми за размена на податоци и информации меѓу двете институции, меморандумот предвидува и размена на знаења и искуства, учество во заеднички проекти, конференции и работилници, како и унапредување на комуникацијата во други области од заеднички интерес“, се вели во соопштението до ЈОРСМ.
Со документот, стои во соопштението, е регулирана и примената на стандардите за безбедност и доверливост при размената на информации






