петок, 6 февруари 2026

АМСМ: Зимски услови на патиштата, магла и снег на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од Авто – мото сојузот на Македонија. УХМР информираше дека следува период на променливо време. А, поради надојдена вода, оштетен е преминот на реката Блашница.

Објавено на

часот

Сподели

Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, со задржување на снег на коловозот на патниот правец од селото Лисец кон Попова Шапка.

Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патни правци и тоа до 80 метри на патот Штип – Неготино кај Серта, до 50 метри во Крушево, до 100 метри на планинскиот премин Стража и до 50 метри кај Маврово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

УХМР информираше дека следува период на променливо време.

Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат и дека поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.

А, поради надојдена вода, оштетен е преминот на реката Блашница. Немањето премин им отежнува на луѓето да стигнат до другата страна на реката, информираа од месната заедница на село Клиново.

„Како последица од надојдената поголема количина на вода во реката, а поради врнежи од дожд и топење на снегови, оштетен е преминот, пред вливот на реката во езерото“, појаснија од месната заедница.

За новото оштетување на преминот го известиле градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

„Добивме ветување дека штом дозволат временските услови, за да може да работи механизација, ќе се санира оштетувањето на преминот“, подвлекоа од месната заедница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ