Во 15:15 часот патниот правец Тетово – Јажинце кај село Рогачево сообраќајот беше запрен од страна на ПС од БПС Тетово, заради безбедност на возачите поради проширениот пожар во атарот на селата Рогачево и Јажинце, кој е во близина на пат, соопшти претходно Автомото сојузот на Македонија.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека директорот Мухамед Али и командантот на Бригадата од лице место ги координираат активностите за спречување на понатамошното ширење на пожарот кој избувнал во Јажинце.
Сите противпожарни екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита се на терен и работат на заштита на имотите од огнот.

На пат кон интервенција се и авион-ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптер на МВР.






