понеделник, 2 март 2026

АМСМ: Редовна состојба на патишта, со вообичаени препораки за безбедност во сообраќајот

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Објавено на

часот

Сподели

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, сè е уште е во сила, до 15 март,

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ