Коловозите се влажни, на места со остатоци од кашаст снег, а поради ниските температури можна е појава на голомразица.
На патниот правец Струга – Ќафасан има воведено забрана за тешки товарни возила.
Патниот правец од Скопје кон Блаце пред граничниот премин има појава на големи одрони и сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Патниот правец Р112 Гевгелија-Смрдлива Вода е прооден, а другиот дел од патот до скицентарот Кожуф сè уште се расчистува.
Да се внимава на делниците Струга-Дебар и Катланово-Велес, каде што се забележува почеста појава на одрони.
На сите возачи им се препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
Интензитетот на сообраќајот е умерен на патните правци надвор од градските средини.
На граничните премини во моментов не се забележуваат подолготрајни задржувања за влегување и за излегување од државата.