четврток, 18 декември 2025

АМСМ: Од 17:30 часот во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти вечерва Автомото сојузот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ информира дека од 17:30 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е во прекин.

Поради штрајк на грчките земјоделци, овој граничен премин неколку дена во различни интервали од денот е блокиран за сообраќај.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ