вторник, 30 декември 2025

АМСМ: Изменет сообраќаен режим на делницата Прилеп – Битола, во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)

Сообраќајот на државните патишта попладнево се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Објавено на

часот

Сподели

Автомотосојузот на Македонија информира дека поради протест на грчките земјоделци, од 17:10 часот сообраќајот на ГП Евзони (Граничен премин Богородица) е во прекин. Во двата правца е во прекин и сообраќајот кон ГП Ќафасан поради сообраќајна несреќа.

АМСМ известува и дека од 15 часот денеска ќе има измена на режимот на сообраќајот на коридор 10, на делницата Прилеп – Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101.

Автомотосојузот препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

„Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, наведува АМСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ