Од АМСМ соопштија и дека околу 19 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци.
Како што соопшти претходно АМСМ, поради појава на магла, видливоста во околината на Дебар е намалена до 50 метри.






