понеделник, 15 декември 2025

АМСМ: Целосно затворен граничниот премин Долно Блаце со Косово

Граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за влез и излез во и од Република Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија преминот е затворен за сите видови возила и лица.
Претходно од АМСМ информираа и дека од 16 часот во прекин е сообраќајот на „Јадранска Магистрала“ во еден правец – од клучка Приштина кон бензинска пумпа „Дизел“.

Подоцна од МВР информираа дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Оттаму додават дека во координација со другите надлежни институции, министерството презема мерки за гаснење на пожарот.

Апелираат до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гаснењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што МВР навремено ќе ја информира јавноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ