петок, 12 декември 2025

Американската МЕИ ќе ѝ помага на Општина Кочани за полесно справување по трагедијата во „Пулс“

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска ги прими во посета претставниците на Американската здравствено-едукативна организација – МЕИ, кои престојуваат во Кочани со цел да понудат поддршка за повредените во трагедијата во „Пулс“, велат од локалната самоуправа.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата со градоначалникот биле отворени прашања поврзани со актуелната состојба на повредените младинци, со нивните потреби по пожарот и со можностите за натамошна помош. По разговорот во Општината, делегацијата ја посетила и Општата болница во Кочани за да ја согледа моменталната состојба, а се сретнала и со неколку од повредените лица и поблиску се запознала со нивната здравствена состојба.

Според првичните најави, договорено е поддршката што ќе ја обезбеди организацијата да опфати структурно обновување, технички помагала и неопходна опрема, како и дополнителна стручна поддршка за здравствена грижа на повредените.
Градоначалникот Владко Грозданов истакнал дека ова е помош што ја ветил претходно, и дека ваквите форми на соработка се од големо значење за заедницата.

„Загубите и траумите што ги доживеа нашата заедница не може да се надоместат, но секоја помош за младите што беа повредени е драгоцена. Благодарни сме за иницијативата и подготвеноста на асоцијацијата MEI да се вклучи со конкретна поддршка. Општина Кочани ќе продолжи активно да се грижи за повредените и за нивните семејства и ќе работиме заедно за тие да ја добијат неопходната помош“, изјави градоначалникот Грозданов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ