сабота, 12 јули 2025

Американците кои се на аџилак во земјава дојдоа кај претседателката Сиљановска-Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими група американски државјани предводени од Мајк Зафировски, кои од денеска престојуваат на аџилак во земјава.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Кабинетот на претседателката, изразувајќи огромна благодарност за приемот, истакнатите и угледни членови на американското општество ја запознаа претседателката со мотивот и инспирацијата за посетата на земјава, како една од нивните три дестинации за аџилак, покрај Грција и Турција, посочувајќи дека на Македонија гледаат како на духовна и културна ризница со богата традиција и историско наследство.

Поздравувајќи го нивниот избор за аџилак, Сиљановска-Давкова им посакала успех и изразила уверување дека ќе понесат незаборавни спомени и впечатоци од автентичноста на земјава и особено од Охрид, како дел од библискиот и цивилизациски мозаик.

-Како припадници на Епископалната црква, којашто ужива голем углед во американското општество, претседателката верува дека со нивната мисија, спознавање на различностите и промовирајќи мир и верба, ќе придонесат за зајакнување на вредностите на солидарност, толеранција и духовно единство, се посочува во соопштението од Кабиетот на претседателката.

Сиљановска-Давкова укажала на важната улога на македонската дијаспора во градењето на блиски врски меѓу американското и македонското општество, како додадена вредност на нашето стратешко партнерство со САД.

Таа упатила благодарност до Мајк Зафировски за постојаните врски со татковината, заложбите преку „Македонија 2025“ за афирмација и промоција на земјава и посветеноста на проектите коишто го потикнуваат растот на македонската економија.

Соговорниците разменија мислења за актуелните состојби во светот и ги слушнаа ставовите на претседателката за глобалните предизвици и проблемите со кои се соочува државава во однос на надворешната политика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ