понеделник, 15 декември 2025

Амчам и М6 организираат академија за здравство за новинари

Амчам,  Американската стопанска комора во Македонија,  во соработка со едукативниот центар М6 за прв пат организираат академија на тема здравство за новинари. Предвидени се интересни експерти предавачи на теми: иновации во здравството, политики, регулации, систем, пристап до лекови..

Објавено на

часот

Сподели

Академијата за здравство за новинари почнува во септември. Healthcare Hub на Амчам е едукативна платформа воспоставена преку Комитетот за здравство, со цел да поттикне практична размена на знаење и да ги зајакне капацитетите на сите чинители во здравствениот систем.

Преку тематски обуки и програми за учење, платформата се фокусира на прашања поврзани со регулативата, иновациите, јавните политики и пристапот до здравствена заштита.

Академијата за здравство за новинари е првата пилот-обука во рамките на Healthcare Hub, наменета за медиумски професионалци кои известуваат за здравствени и општествени теми и се реализира во соработка со М6 Едукативен центар.

Оваа програма има за цел да понуди практични знаења и алатки за новинарите, преку пристап до експерти, податоци и реални примери од праксата.

Обуката се базира на анализи на случаи поврзани со ретки болести, преку кои се доближуваат пошироки теми и предизвици од здравствениот систем – на начин што е разбирлив, релевантен и веднаш применлив во новинарската работа.

Ќе бидат опфатени теми како организација и правна рамка на здравствениот систем, лекови и механизми за јавно финансирање, буџетирање и јавни набавки во здравството, улога на податоци и дигитализација, пристап до услуги и права на пациентите…

Обуката ќе трае 2 месеци, а по завршување на програмата учесниците ќе добијат официјален сертификат од М6 Едукативен центар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ