Амбасадорот Куќи се врати во Македонија, ЈО бара мерки за претпазливост

Објавено на
часот
Сподели
„Основното јавно обвинителство Кочани денеска до Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен на кого беше проширена истрагата за пожарот во кочанската дискотека ‘Пулс’“, соопшти Обвинителството.
Претходно, ексминистрите за економија, Ваљон Сарачини и Беким Незири добија куќен притвор, додека ексдиректорот на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен министер без ресор, Шабан Салиу доби ефективен притвор.
Истрагата се води за 47 лица и за три правни лица. „Истрага се води и против седум полициски службеници. Се преземаат истражни дејства“, рече јавниот обвинител Љупчо Коцевски.