Во изјава за медиумите, градоначалникот рече дека разговарале на повеќе теми, во делот на економијата и туризмот.
„Тие можат многу да придонесат во делот на нашата економија, а пред се во делот на продажбата на македонско, тиквешко, кавадаречко вино во Кина, како голем консумент на вино. Некаде околу петстотини милиони литри флаширано вино троши Кина, а ние имаме вкупно производство на вино од педесет милиони литри. А имаме врвни вина. Заеднички ќе се заложиме да се доближиме до кинескиот народ, до кинескиот пазар. Да можеме да го пласираме нашето вино, со цел да помогнеме и на винарите и на лозарите. Водејќи сметка и за туризмот“, истакна Јанчев.

Амбасадорката на Народна Република Кина, рече дека биле споделени идеи за соработка во областа на економијата, трговијата, туризмот, културата.
„Ние веруваме дека добриот почеток, е, половина успех“, подвлече таа.
Амбасадорката истакна дека веќе имала пробано од белите и црвените македонски вина. Притоа нагласи дека не може да се одлучи кое е најдобро, дека секое едно е многу добро, за неа.
„Со градоначалникот разговаравме и околу користењето на платформа за е – трговија, да се презентира што е можно повеќе од висококвалитетните македонски производи кон кинеските консуматори. Вина, мед и друго“, одговори таа.






